НОЛЕ ЌЕ ЖИВЕЕ ВО ГРЦИЈА Србинот има духовна врска со Света Гора
тенисерот Новак Ѓоковиќ реши да се пресели во Атина и поради практични причини, освен поради неговата емоционална поврзаност со Грција. Атина е блиску до повеќето градови каде што се одржуваат турнири, има исклучителна медицинска и образовна инфраструктура, а се развива и во деловен поглед.
Грците со гордост објавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се пресели во оваа земја со своето семејство и ќе започне ново поглавје во својот живот.
Грчката веб-страница Glow.gr подготви голем текст за Новак, објаснувајќи ја позадината на неговата одлука да ја направи Атина своја нова база.
„Неговата одлука не дојде туку така, туку е последица на неговата врска со Грција, која се зајакна со текот на годините“.
Заедно со сопругата Јелена, тој ја посети Грција неколкупати, летуваше на Крит и на Миконос, беше на поклонение на Света Гора, што има големо духовно значење за него. Од 2024 година, започнаа неговите официјални контакти со грчката влада со цел да добие Златна виза.
Семејството Ѓоковиќ бара идеален дом за своите деца, а акцентот е ставен на мирно и безбедно соседство кое е поврзано со природата.
Љубовта на Новак кон Грција не е ограничена само на културата и на природата. Тој постојано истакнуваше дека е трогнат од топлината на луѓето, а и зборуваше за рамнотежата помеѓу традицијата и модерноста, духовноста на православието и за неговата поврзаност со монасите на Света Гора.
Постојат и практични причини: Атина е блиску до повеќето градови каде што се одржуваат турнири, има исклучителна медицинска и образовна инфраструктура, а се развива и во деловен поглед.