НИСКИ И ПОДМОЛНИ НАВРЕДИ ОД БИТИЌИ КОН ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Остра осуда од ВМРО-ДПМНЕ за нападите врз министерката за финансии

Човек без кредибилитет и без доволно домашна култура навредува друг човек во отсуство на аргументи за расправа - се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

1

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, која освен тоа што е носител на јавна функција, е и жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност – се вели во соопштение на партијата.

„Нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек. Само човек кој е несигурен во себе прибегнува кон ниски напади врз жена, сопруга и мајка.






Фатмир Битиќи, наместо јавноста да го препознава по професионалноста и својата работа, е познат единствено по својата етничка припадност во СДСМ, врз која ја гради својата политичка кариера, и по ништо друго. Веројатно и во СДСМ, а сигурно и Албанците, исто како и Македонците, се срамат што го имаат Фатмир Битиќи. Освен по тоа што по својата вокација беше неспособен министер за економија, ќе остане запаметен како дел од неспособниот и криминален мозаик на тандемот ДУИ–СДСМ.

Човек без кредибилитет и без доволно домашна култура навредува друг човек во отсуство на аргументи за расправа“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во расправата за предлог-ребалансот на Буџетот, Битиќи упати иронични навреди кон министерката Димитриеска-Кочоска, нарекувајќи ја „сметководителка“.

Поврзани содржини