НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАЌА СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА Попладне дожд, грмежи и град, а можна е и појава на силен ветер

Во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува зголемена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

3,690

Утрешниот ден ќе биде променливо облачен со сончеви периоди. Во текот на попладнето се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

На некои места процесите ќе бидат поинтензивни, со услови за краткотрајно невреме – пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 km/h, а можно е и локално појава на град.






Минималните утрински температури ќе се движат од 6 во Берово до 14 во Гевгелија, а максималните дневни од 15 во Маврово и 27 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува зголемена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одредени локации ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и можна појава на град. Температурата ќе се движи од 12 до 26 степени.

Поврзани содржини