Непречен и безбеден упис на првачињата во Аеродром

Оваа учебна година се очекува да се запишат околу 800 ученици во осумте основни училишта на територијата на општината, додека уписот ќе трае до 30 јуни.

235

Уписот на учениците во прво одделение за учебната 2020/2021 година во сите основни училишта во Општина Аеродром се одвива непречено и според утврдениот протокол за заштита од ковид-19.

– Пред влезот на секое училиште има поставено средство за дезинфекција на обувките и рацете, се  врши дезинфекција на просторијата по секој разговор и се почитува физичкото растојание од два метра меѓу присутните. Исто така, се почитува паузата од 20 минути меѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете – стои во соопштението од Општината






Оттаму додаваат дека оваа учебна година се очекува да се запишат околу 800 ученици во осумте основни училишта на територијата на општината, додека уписот ќе трае до 30 јуни.

Поврзани содржини