НЕМА ВТОРА РУНДА ПРЕГОВОРИ Иранскиот претседател ги обвини САД за кршење на примирјето

Во соопштението издадено по телефонскиот разговор на Пезешкијан со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во неделата се вели дека САД „очигледно го кршат“ договорот за прекин на огнот со „провокативни и незаконски дејствија“, објави Ал Џезира.

135

„Иран нема да учествува во втората рунда разговори со САД бидејќи Вашингтон континуирано ги кршеше своите обврски и се однесуваше неразумно за време на претходните разговори и за време на двонеделното примирје“.

Вака соопшти канцеларијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан утринава откако американската војска заплени брод во Ормускиот Теснец кој пловеше под иранско знаме.

Во соопштението издадено по телефонскиот разговор на Пезешкијан со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во неделата се вели дека САД „очигледно го кршат“ договорот за прекин на огнот со „провокативни и незаконски дејствија“, објави Ал Џезира.

Изјавата на Пезешкијан доаѓа по заканите на претседателот на САД изјави дека САД ќе ја нападнат клучната инфраструктура во Иран доколку Техеран не го прифати предложениот договор, додавајќи дека тој им дава шанса и на мирот и на војната.

Во меѓувреме, израелската војска изврши воздушен напад врз Либан кршејќи го договореното примирје меѓу двете земји.

Поврзани содржини