СКОПЈЕ НЕКОЛКУ ДЕНА БЕЗ ЖИЧНИЦА Привремено прекинат превоз до врвот на Водно

Жичницата до Милениумскиот крст нема да работи од 21 до 24 април поради техничка контрола од австриски експерти.

198

Жичницата до Милениумски крст ќе биде привремено надвор од функција неколку дена, информираа од ЈСП Скопје.

Од претпријатието соопштија дека жичницата нема да работи во периодот од 21 до 24 април, поради техничка контрола што ќе ја спроведуваат стручни тимови од австриската компанија „Doppelmayr“.

Во овој период нема да се врши превоз на патници, а од ЈСП Скопје посочуваат дека станува збор за редовна проверка на системот.

Од сабота, 25 април, жичницата повторно ќе биде ставена во функција и ќе продолжи да сообраќа во вообичаеното работно време.

Од претпријатието им се заблагодарија на граѓаните за разбирањето.

Поврзани содржини