НЕДА УКРАДЕН ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЌЕРКАТА Зетот на пејачката од почит го истетовирал името на баба му

Неда Украден ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка, а на објавената фотографија на Инстаграм се гледа дека Јелена е нејзина копија. Со зетот баба Неда има посебен однос...

552

Регионалната музичка дива Неда Украден сподели со смоите следбеници на Инстаграм емотивна честитка за роденденот на нејзината ќерка Јелена.

Со заедничка фотографија направена во прекрасна околина покрај море, Неда не ги криеше своите емоции и испрати искрени и топли зборови до својата наследничка.

– На овој ден, мајка ја роди својата убавина, својата среќа, своето најголемо богатство! Среќен роденден, моја драга Јецо! Да живееш долг, здрав и среќен живот со твоите прекрасни деца и мојот зет Пецо. Ти посакува твојата мајка Неда – напиша таа во описот.

Објавата брзо собра бројни лајкови и коментари, а обожавателите се придружија со честитки, посакувајќи ѝ на Јелена сè најдобро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Ќерката Јелена, која инаку живее подалеку од медиумските рефлектори, секогаш предизвикува голем јавен интерес со своите појавувања.

Јелена ја гради својата кариера како маркетинг директор и сопственичка на салон за убавина. Таа има три деца со сопругот Предраг, кој пак од особена почит и благодарност, дури и го има истетовирано името на Неда. Пејачката не крие дека тие секогаш ја имаат нејзината поддршка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Поврзани содржини