🎥 НОВАК ЃОКОВИЌ И АЈЛИН ГУ ЗАЕДНО Ќе ги водат „спортските оскари“ во Мадрид

Организаторот не можеше да смисли подобар избор за водителско дуо за големото шоу на 20 април.

73

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ повторно го привлекува вниманието на светската јавност, но овојпат надвор од терените. Српскиот шампион ќе се најде во сосема нова улога, како водител на престижната церемонија „Laureus World Sports Awards“, што ќе се одржи на 20 април во Мадрид. Со ова, Ѓоковиќ прави редок исчекор во кариерата, влегувајќи во водителските води на настан што често се нарекува „спортски оскари“.

 

Особено внимание предизвикува фактот што тој нема да биде сам на сцената. Друштво ќе му прави Ајлин Гу, една од најпознатите и медиумски најекспонирани спортистки во светот, која често се опишува и како една од најубавите. Таа е олимписка шампионка во слободно скијање и глобална ѕвезда со силно присуство и во модната индустрија, со ангажмани за водечки светски брендови.

Организаторите потврдија дека ова ќе биде првпат во историјата двајца активни спортисти да ја водат оваа церемонија – потег што ја менува традицијата на ангажирање холивудски ѕвезди за оваа улога.

Настанот ќе се одржи во познатата палата „Сибелес“ во Мадрид, а ќе ги собере најголемите имиња од светот на спортот, културата и забавата. Laureus наградите имаат специфична тежина, бидејќи победниците ги избира академија составена од легендарни спортисти, што дополнително ја засилува нивната престижност.

За Ѓоковиќ, ова не е само нова улога, туку и симболично враќање на сцена каде веќе има историски успех. Тој досега има освоено пет Laureus статуетки за најдобар спортист во светот, што го става во елитно друштво на најголемите имиња во спортската историја. Во изјавите, српскиот ас истакна дека овие награди имаат „посебно место во неговото срце“, нагласувајќи ја нивната улога во промоцијата на спортот како сила за позитивни промени.

Еве што кажа Ајлин Гу за Новак:

Поврзани содржини