ОПШТИНА ЧАИР ГИ ОТСТРАНУВА ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА Стотици возила зафаќаат јавни површини
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, започна акција за отстранување на старите и напуштени возила од улиците во општината, со цел ослободување на јавниот простор и подобрување на редот во населбите.
Според него, стотици возила кои со години биле оставени без функција и зафаќале јавни површини, се отстрануваат етапно. Со ова се создаваат повеќе слободни паркинг-места за жителите, се олеснува сообраќајот и се зголемува безбедноста.
– Оваа акција носи поквалитетен урбан живот – повеќе простор за паркирање, почисти улици и подобра организација на сообраќајот – истакна Меџити.