НЕМА НАШИ И ВАШИ ВО СДСМ Лукаревска зборува за новото партиско раководство
Нема наши и ваши, туку има луѓе кои направиле нешто за да детектираме дека тие може да придонесат партијата и државата да одат напред и затоа нашата врата е отворена за сите, рече Лукаревска во ТВ-гостување на Алсат.
Нема место за наши и ваши во новиот СДСМ, туку само за луѓе кои направиле нешто, објасни новата заменик-претседателка на партијата, Сања Лукаревска во гостување во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.
– Само силен, стабилен и единствен СДСМ е посакуван коалициски партнер. Во самото раководство на партијата, како што напомена и претседателот Ковачевски, нема наши и ваши, туку има луѓе кои направиле нешто за да детектираме дека тие може да придонесат партијата и државата да одат напред и затоа нашата врата е отворена за сите. На новиот тим треба да му се даде шанса за да покаже дека има план визија и мисија како да ги развива СДСМ и државата – истакна Лукаревска.
Во однос на идните предизвици, заменик-претседателката посочи дека СДСМ и новата Влада паралелно ќе се посветат на два важни процеса, процесот на евроинтеграцијата и процесот на унапредување на животниот стандард.
– Приоритети на новото раководство на СДСМ и идната Влада предводена од Ковачевски ќе бидат од една страна европските процеси за да се реализираат нашите стратешки цели, а од друга страна да се подобри животниот стандард на граѓаните, преку нови мерки и политики, преку раст на платите и поддршка на ранливите категории граѓани. Генералната слика е дека им е помогнато на повеќе целни групи и сметам дека не промашивме со нашите мерки и проекти, бидејќи дел од програмата на Владата веќе е реализиран – заклучи Лукаревска.