НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 24 ЈАНУАРИ – 30 ЈАНУАРИ Близнаците градат ѕидови околу себе, Јарецот ќе ја искористи својата внимателна природа

Овенот има можност да ја зацврсти врската со партнерот, Лавот на деловното поле ќе биде потребно да ја покаже својата тактика и шарм, успехот е неизбежен.

1,471

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.

Овен (21.3 – 20.4)






Работа: Не им дозволувајте на вашите емоции кои се појавиле поради незадоволството да ви го попречуваат успехот на деловното поле. Бидете отворени и искрени, особено ако некој ве повика на состанок.

Љубов: Одличен период во кој оние кои се во кратка врска ќе го зацврстат односот, а оние во долга врска ќе направат смел чекор понатаму. Солзите во очите ќе бидат резултат на голема среќа.

Здравје: Потребен ви е одмор.

Бик (21.4 – 21.5)

Работа: Период во кој нема да доживеете некои поголеми промени. Едноставно, работите ќе си течат, а вие ќе давате се од себе. Ќе го зацврстите односот со долгогодишните колеги.

Љубов: Ќе морате да ја послушате вашата интуиција и да покажете дека сте многу упорни во работите кои ги сакате. Љубовната ситуација ќе биде прилично комплицирана, но на крај ќе победи вашата упорност.

Здравје: Намалете го вишокот килограми.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Работа: Промените на работа ќе влијаат на вас на повеќе начини. Негативните вести ќе важат само за три дена, а потоа повторно ќе се вратите на старото. Не очајувајте имате енергија и знаење да го подобрите работењето.

Љубов: Повторно ќе бидете во ситуација каде што ќе се фатите самите себе дека барате нешто премногу од спротивниот пол, а и самите сте свесни дека ниту половина од тоа не заслужувате. Обидете се да ги смирите емоциите со цел да можете попаметно да расудувате.

Здравје: Внесете повеќе овошје и зеленчук во исхраната.

Рак (22.6 – 22.7)

Работа: Работните обврски ќе бидат намалени, а вие ќе наоѓате интересни начини како да го поминете времето на работа. Ќе бидете креативни, па смислените идеи ќе сакаат да ги применат сите.

Љубов: Поволен период за започнување на нешто ново. Новата врска или новото пријателство ќе донесат среќа во вашиoт живот. Бидете искрени уште на самиот почеток. Претставете се во вистинското светло.

Здравје: Можни проблеми со крвната слика.

Лав (23.7 – 22.8)

Работа: Во деловното поле ќе биде потребно да ја покажете вашата тактика и вашиот шарм, само така ќе го остварите замисленото. Искористете ги своите комуникациски способности во деловните преговори. Немојте да губите време на деталите.

Љубов: Оваа недела ќе имате зголемена потреба од поддршка од својот партнер. Потребен ви е посилен израз на емоции. Се чини дека ќе ви биде потребен доказ за љубовта. Сето тоа може да се одрази на расположението на партнерот кој ќе се почувствува загрозен.

Здравје: Не внесувајте премногу масти.

Девица (23.8 – 22,9)

Работа: Би можело да дојде до заситување во секој поглед. Можеби ќе биде потребно да се завртите кон нешто поинакво. Во секој случај бидете потрпеливи и нервозата оставете ја за некој друг пат.

Љубов: Ова е многу интересно време за вас на сите подрачја во вашиот живот. Куќата, семејството и минатото ќе ви бидат во центарот на случувањата. Се чини дека ќе биде потребно да направите некои големи и длабоки промени.

Здравје: Одлично, но сепак внимавајте.

Вага (23.9 – 22.10)

Работа: Не се потпирајте на лицата со кои малку работите, можно е да ве излажат. Ќе мора да поработите малку повеќе на вашите вештини кои во блиска иднина ќе ви бидат повеќе од потребни.

Љубов: Конечно доаѓа период на олеснување. Некои работи едноставно ќе ги решавате. Ќе имате одлична поддршка од партнерот во сите ваши намери. Доколку дојде до кавга во семејството, размислете два пати пред да кажете нешто иронично.

Здравје: Зголемете ја физичката активност.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Работа: Финансиската ситуација сеуште не е најдобра. Ќе морате да смислите дополнителен план за штедење и да не си создавате непотребни трошоци. Добро размислете за новите деловни понуди кои ви се нудат.

Љубов: Доколку сакате забава и романтично време со саканото лице, ќе имате доста прилики за покажување, но и добивање на истото. Венера ви донесува мала несигурност, но тоа е само привремено.

Здравје: Можна е настинка и главоболка.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Работа: Ако сте инвестирале во своето знаење и сте напредувале, сега е одлично време сето тоа да ви се врати назад во вид на поголеми финансии. Оваа недела, а можно е и наредната, ќе уживате во погодностите кои ќе ви бидат понудени од сите страни.

Љубов: Големи се шансите позитивниот љубовен период да продолжи и оваа недела. Ќе морате малку повеќе да му се посветите на вашиот партнер и да го слушате што зборува. Комуникацијата ќе ви биде малку забавена, но реална.

Здравје: Настинка.

Јарец (22.12 – 20.1)

Работа: Најверојатно дека оваа недела само ќе се досадувате, нема простор за напредок. Обидете се да си ја направите работата поинтересна, променете го пристапот кон обврските.

Љубов: Нема да знаете како да постапувате, ќе има позитивни настани, но повеќето ќе бидат негативни. Најдобро е да не повлекувате нагли потези. Паузирајте со емоциите со цел да не предизвикате уште поголем проблем.

Здравје: Несоницата ќе ви претставува проблем.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: На работното место во блиска иднина ви стои напредок. Тоа ќе биде одлична вест за вас. Ќе бидете среќни и задоволни, па ќе работите повеќе и ќе давате се од себе.

Љубов: Нема да имате слободно време за досадување, партнерот и пријателите постојано ќе бидат покрај вас. Во оваа недела ви претстојат повеќе промени во социјалниот живот. Избирајте паметно.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

Риба (20.2 – 20.3)

Работа: Можеби ви се зголемени работните обврски, а платата ви тапка во место, но без грижа следи период во кој тоа ќе се промени. Вашите приходи ќе пораснат, а насмевката нема да се тргне од вашето лице.

Љубов: Незадоволството од љубовта се заканува да стане причина за сериозен конфликт меѓу саканата личност и вас. Не бидете премногу строги затоа што и двајцата сте виновни. Причината за сè лежи во тоа што молчејќи ја пропуштате можноста да ги разјасните сомнежите што ве мачат со искрен разговор.

Здравје: Можни проблеми со вратот, во вид на вкочанетост.

Поврзани содржини