НЕ СУМ ГО СМЕНИЛ БРОЈОТ, БАРАЈ МЕ АКО САКАШ МИР Макрон му упати порака на Путин

1,132

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека не го сменил телефонскиот број и дека неговиот руски колега Владимир Путин може да му се јави доколку има „сериозни предлози“ за мир во Украина.

– Ако претседателот Путин има желба за дијалог и сериозни предлози за придвижување напред, ставање крај на конфликтот и градење траен мир, односно со почитување на меѓународното право, а со тоа и на украинските интереси и суверенитет, јас ќе ја прифатам поканата – рече Макрон во Брисел на конференцијата за новинари по европскиот самит.






Макрон додаде дека Франција секогаш ќе биде „сила која ќе помогне и која нема да ги штеди напорите за да постигне резултат“.

Во четвртокот Путин потврди дека секогаш бил подготвен за дијалог со францускиот колега, но дека Макрон е тој што не ја гледа поентата на разговорот и затоа ја прекинал комуникацијата.

Поврзани содржини