НЕ СЛУШАЈ ШТО ЗБОРУВААТ, ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАТ Мицкоски ја повика Бугарија на состанок во Хаг и да ги повлече амандманите за македонскиот идентитет

Очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите со кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето „сегашен“ и во рамките на европскиот дух да биде усвоен тој извештај, а потоа и патоказот за малцински права кој многу скоро ќе биде на дневен ред, така што, имаат можност ова што го зборуваат да го покажат и на дело, рече Мицкоски.

908

Бугарските европратеници нека ги повлечат амандманите од извештајот за Македонија дека македонскиот јазик е сегашен и со тоа ќе покажат дека е вистина тоа што го зборува официјална Софија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој одговараше на новинарско прашање дали верува на пораките од бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија никогаш не поставувала, ниту ќе поставува услови за Македонија надвор преговарачката рамка со ЕУ и од двата билатерални протокола.

– Не станува збор за тоа дали веруваме или не веруваме, бидејќи стигаат многу различни пораки од официјална Софија. Нашите стари рекле, помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат. Еве, имаат можност да покажат дека е вистина тоа што го зборуваат – на 26 јуни, пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент се наоѓа извештајот за Македонија. Очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите со кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето „сегашен“ и во рамките на европскиот дух да биде усвоен тој извештај, а потоа и патоказот за малцински права кој многу скоро ќе биде на дневен ред. Така што, имаат можност ова што го зборуваат да го покажат и на дело – рече Мицкоски.






Тојдодаде и дека очекува бугарските власти да ја прифатат поканата за средба во рамките на состанокот на НАТО во Хаг.

– Очекувам и да се разговата и за Коридорот 8, да тргне и таму работата, да биде и тоа приоритет за нашиот источен сосед, и навистина како добри соседи да ги градиме нашите меѓусебни односи – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини