НЕ СЕГА, ПОДОЦНА! Секој родител треба почесто да користи еден едноставен збор

Кога се користи правилно, зборот „подоцна“ не значи отфрлање на потребите на детето. Тоа му помага да развие трпеливост, емоционална отпорност и доверба.

36

Родителството е исполнето со предизвици, а начинот на кој комуницираме со децата го обликува нивниот емоционален развој. Некои зборови имаат неверојатна моќ – тие можат да смират, да изградат издржливост и да им помогнат на децата да научат важни животни вештини.

Но, за некои родители, одредени фрази може да биде тешко да се кажат, особено ако тие самите пораснале во средина каде што нивните потреби не биле задоволени. Сепак, детскиот психолог и едукаторка Робин Кословик тврди дека постојат неколку едноставни зборови кои родителите треба почесто да ги користат.






„Еден од овие зборови е „подоцна“, едноставен, но исклучително ефикасен кога се користи правилно. Но, родителите кои доживеале емоционално запоставување или траума во детството може да се чувствуваат непријатно да го користат.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини