НЕ САКА НИКОЈ ТАКА ДА ЈА НАРЕКУВА Вистината за тајното име на мајката на Ѓоковиќ
Дијана и Срѓан првпат зборувале повеќе за себе, па тогаш тајната на Дијана Ѓоковиќ излегла на виделина.
Родителите на Новак Ѓоковиќ се неговата најголема поддршка, од самиот почеток на кариерата, па сѐ до денес, кога е најдобриот тенисер во светот.
Срѓан, таткото на Новак главно се огласуваше и беше присутен во медиумите, додека Дијана некако секогаш се држеше настрана или покрај сопругот.
Меѓутоа, во последно време Дијана заедно со сопругот Срѓан почна почесто да се појавува во јавноста и да дава изјави кои најмногу се поврзани со нивниот син Новак.
Во текот на гостувањето во емисијата „Балканска улица“, Дијана и Срѓан првпат зборувале повеќе за себе, па тогаш тајната на Дијана Ѓоковиќ излегла на виделина.
Можеби ќе ве интересира
Имено, Дијана открила дека пред три децении се крстила во црквата и дека тогаш го добила и крстеното име што ѝ го дал нејзиниот сопруг Срѓан. По тој повод, тој за својата поубава половина го избрал старото српско име, Милица.
Сепак, Дијана вели дека тоа име е прекрасно, но дека не сака никој така да ја нарекува и дека во јавноста, но и во приватноста на својот дом, сака да остане она што била со години – Дијана Ѓоковиќ.
ФОТО: Инстаграм