„НЕ МОЖЕВМЕ ДА ГИ ОТВОРИМЕ ПРОЗОРЦИТЕ ОД СМРДЕАТА“ Медицинскиот персонал 6 часа закопувал лешеви во Газа

698

Двесте тела се закопани во масовна гробница во близина на Ал-Шифа, најголемата болница во Појасот Газа, изјави денеска д-р Аднан Ел Бурш.

Тој изјави дека на медицинскиот персонал му биле потребни шест часа за да закопаат 200 луѓе.






– Почнавме околу 8:30 наутро и завршивме околу 15:00 часот по локално време – рече Ел Бурш, пренесе Би-Би-Си.

Според него, телата биле оставени таму со денови додека не почнале да се распаѓаат, поради што на лекарите им преостанало само да ископаат масовна гробница.

– Не можевме да ги отвориме прозорците на зградите поради непријатната миризба што доаѓаше од дворот – изјавил палестинскиот лекар.

Претходно од Ал-Шифа било кажано дека во масовна гробница во близина на зградата на болницата се закопани 179 лица.

 

Поврзани содржини