НАСКОРО РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОВЕРБА НА ВУЧИЌ Брнабиќ утре ќе поднесе 100 пратенички потписи за советодавен плебисцит
Српскиот претседател Александар Вучич денеска најави дека референдумот би можел да се одржи во март, април или во мај. Доколку навистина рејтингот му е низок и му биде изгласана недоверба ќе се повлече од претседателската функција, а во спротивно побара сите да замолчат.
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ утре ќе поднесе 100 потписи од пратениците од владејачкото мнозинство за одржување советодавен референдум за доверба на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Брнабиќ по овој повод утре ќе одржи прес-конференција заедно со шефот на пратеничката група на СНС, Миленко Јованов.
Вучиќ денеска во објава на Инстаграм рече дека „е потребно опозициските партии да поднесат само 67 потписи, а имаат над 80 за да одржат советодавен референдум за претседателот на Србија“. Во обраќањето тојнајави и дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи барањето за референдум со дополнителни 100 потписи.
Вучиќ рече дека „легитимноста е најважна работа во политиката, а суверенитетот секогаш произлегува од волјата на народот“.
– Мислам дека понудата е повеќе од фер и добро е сите во оваа земја да престанат да се преправаат дека се грижат за некои градежни документи и конечно да ги стават работите на свое место. Спротивно на популарното верување, никогаш не ме интересирала власта како таква, ме интересира и ме интересира само напредокот на Србија. Србија не смее да запре! Да живее Србија! – рече Вучиќ.
Тој најави дека референдумот би можел да се одржи во март, април или во мај. Доколку навистина рејтингот му е низок и му биде изгласана недоверба, како што покажало иситувањето на јавното мислење, најави дека ќе се повлече од претседателската функција, а во спротивно побара сите да замолчат.
Во Србија во последниот месец се случуваат протести и блокади во повеќе градови и се бараат оставки од актуелната власт, откако во декември падна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе.