НАПАДОТ ВО ДАМАСК Е СЕРИОЗНА ЕСКАЛАЦИЈА Сирискиот претседател контра Нетанјаху и Кац
Претходно денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац во заедничка изјава наведоа дека „нападот е јасна порака до сирискиот режим“.
Кабинетот на сирискиот претседател Ахмед ал Шара денеска соопшти дека израелскиот воздушен напад во близина на претседателската палата во Дамаск е „сериозна ескалација“, јавија британските медиуми.
Претходно денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац во заедничка изјава наведоа дека „нападот е јасна порака до сирискиот режим“.
„Нема да дозволиме (сириските) сили да се распоредат јужно од Дамаск или (да создаваат) каква било закана за заедницата Друзи“, се вели во заедничкото соопштение.