📷 НАЈМАЛКУ 19 ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИРОТ НА ВОЗ И АВТОБУС Несреќата се случила кај Евротунелот во Франција

Судирот се случил во близина на влезот во товарниот тунел што ги поврзува Франција и Велика Британија. Меѓу повредените е и возачот на автобусот, а причините за несреќата се истражуваат.

52

Најмалку 19 лица се повредени во синоќешниот судир меѓу товарен воз и автобус во близина на Кокел, во северна Франција, недалеку од Евротунелот што ги поврзува Франција и Велика Британија.

Локалните власти потврдија дека ниту еден од повредените не е во животозагрозувачка состојба. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.






Судирот се случил во близина на влезот во товарниот тунел. По несреќата, на местото биле испратени екипи на итните служби, полицијата и хеликоптер.

Причините за судирот засега не се познати и се предмет на истрага.

 

Поврзани содржини