НА ПОПОВА ШАПКА НАЈСВЕЖО Најмногу дожд наврна во Крушево и во Маврови Анови

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од попладневните часови локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

128

Утрово е најсвежо на Попова Шапка и во Лазарополе, 13 степени, а изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Маврови Анови и Крушево, информира УХМР.

Минималните температури до 8.30 часот биле: 14 степени Маврови Анови, 15 во Берово, 17 во Охрид и Претор, 18 во Крива Паланка, Струмица и Тетово, 19 во Битола и Прилеп, 20 во Гевгелија, Кавадарци и Дојран, 21 во Скопје – Зајчев Рид, 22 во Скопје – Петровец, Куманово, Велес и Виница, 23 во Демир Капија и 24 во Штип.






Наврнатиот водел талог до 8 часот утрово изнесува 2 литра на метар квадратен во Маврови Анови и Крушево, како и еден литар на единица површина во Битола, Прилеп, Охрид и Претор.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од попладневните часови локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурата ќе достигне до 33 степени. УВ индексто ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе достигне 31 степен.

Поврзани содржини