Музичарот Васил Ангов почина од коронавирусот

2,249

Познатиот музичар Васил Ангов вчера пред полноќ ја загуби битката со коронавирусот.

Васил Ангов во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа легендарната „Премногу ти верував“, по која стана препознатлив. Ангов зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.






Ангов настапи на Скопскиот фестивал, а препознатлив беше и со неговите настапи во Гевгелија и беше омилен кај публиката заедно со неговиот син Димитар.

Неговиот син Андон, доцна синоќа на Фејсбук ја објави веста за смртта на познатиот музичар.

Поврзани содржини