МОЖЕ ЛИ ЕУ ДА ГАРАНТИРА ДЕКА БУГАРИТЕ НЕМА ДА ИМААТ НОВИ БАРАЊА? Мицкоски бара гаранции пред да се гласаат уставни измени
Мицкоски, односно ВМРО-ДПМНЕ, се подготвени да седнат и да разговараат, но не само за јазиците, туку и за нормите како Бадинтер и Балансер, за кои смета дека се надминати, непотребни, фаворизираат квоти пред квалитет и затоа мора да се укинат.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека уставни измени и менување на Преамбулата со внесување на Бугарите нема да се случи сè додека од Европската Унија (ЕУ) нема цврста гаранција дека тоа ќе биде последно бугарско барање и нема да има кочење или блокада на пристапниот процес и преговорите.
Пратениците од оваа партија, без кои го нема потребното двотретинско мнозинство, нема да гласаат за измени под околностите во кои се наоѓа државата сега, а кои партискиот лидер Христијан Мицкоски ги окарактеризира како диктат и ултиматум.
Според него, потезите на официјална Софија укажуваат на тоа како ќе тече преговарачкиот процес, бидејќи во ниту еден момент досега не се разговарало за развој туку за обиди за негација и асимилација.