МОТОЦИКЛ УДРИ ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ, ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА Страшна сообраќајка однесе два живота во Скопје
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 18:23 часот.
Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска попладне на крстосницата меѓу булеварите 8 Септември и Никола Карев во Скопје, откако мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 18:23 часот.
„Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош“, соопштија од МВР.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.