„Моцарт“ донираше свежо овошје за лекарите во болницата во Штип
Досега се донирани повеќе од 2.500 килограми овошје, распределено во повеќе болници низ државата, а меѓу нив се Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Градската општа болница „8-ми Септември“.
Компанијата „Моцарт Бет“ изминатиов период континуирано организира хуманитарни акции во кои обезбедува свежо овошје за медицинскиот персонал во повеќе болници кои се директно вклучени во борбата против коронавирусот.
Во Клиничката болница во Штип доставено е свежо овошје во пакети наменето за медицинскиот персонал, а пред неколку месеци „Моцарт“ во оваа болница донираше и над 300.000 денари.
– Сакам да изразам голема благодарност до компанијата „Моцарт“ која во овие тешки моменти повторно помисли на нас и донираше во нашата болница. Пред неколку месеци донираа финансиски средства во износ од 5.000 евра. Сигурен сум дека овие освежувачки пакети ќе им дојдат одлично на вработените после долгите и напорни смени – изјави д-р Ален Георгијев, директор на Клиничка Болница Штип.
Досега се донирани повеќе од 2.500 килограми овошје, распределено во повеќе болници низ државата, а меѓу нив се Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Градската општа болница „8-ми Септември“.
– Општествено одговорните активности не запираат, а овој пат ги посветивме на нашите херои – здравствените работници кои работат 24/7 и се борат против овој вирус, давајќи огромна жртва за сите нас, максимално вложени во својата работа. Со овој знак на внимание сакаме да им изразиме голема благодарност, а ние продолжуваме и понатаму да придонесуваме кон општеството во кое делуваме и преку различни акции да помогнеме онаму каде што е најмногу потребно – изјавија од менаџментот на „Моцарт“.
Компанијата досега донираше повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.