📽 МИСТЕРИОЗНИ ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА ЌЕ ЛОВАТ „БРЗИ И БЕСНИ“ НА АВТОПАТ Овие два пресретнувачи се опремени со радари и со камери до гуша
Системот „PolCam“ е незаменлив при документирање на сообраќајни прекршоци како што се: минување на црвено светло, возење со поголема брзина од дозволената, непрописно престигнување и други прекршоци, а брзината на движење на возилата може да се мери на фиксна и променлива оддалеченост од возилата.
Две тајни и моќни возила се вклучени во флотата на МВР со кои полицијата во движење ќе ги брка сторителите на сообраќајни прекршоци.
Од МВР не открија за кој бренд на возила и кои модели се автомобилите, се опремени со системот „PolCam“, внатрешен уред дизајниран за контрола и надгледување на сообраќај и прекршоци на возила во движење.
Системот „PolCam“ е незаменлив при документирање на сообраќајни прекршоци како што се: минување на црвено светло, возење со поголема брзина од дозволената, непрописно престигнување и други прекршоци, а брзината на движење на возилата може да се мери на фиксна и променлива оддалеченост од возилата.
Уредот овозможува видеозапис од 25 фотографии во секунда, мапа на којашто се покажува локацијата каде е направено видеото, а има и опција за пронаоѓање и автоматско препознавање на регистарски таблички кои направиле прекршоци.
Интегрираните уреди се од полската компанија „PolCam“ кои преку поставените камери со висока резолуција на предниот и задниот дел од возилото во денски и ноќни услови и во движење бележат видеозаписи од сторените прекршоци.
Бележаните видеозаписи се складираат во хард-диск кој е поставен во задниот дел од возилата и истите подоцна може да се употребат како веродостоен доказ за сторениот сообраќаен прекршок пред надлежните институции. Покрај документирањето на сообраќајните прекршоци со овој уред може автоматски да се детектираат и препознаат регистарски таблици, кои претходно биле евидентирани за сторен сообраќаен прекршок.
Возилата на МВР ги предаде претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Гордана Кожуваровска.
Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, РСБСП дел од своите средства ги наменува за модернизација на опремата на сообраќајната полиција. За време на средбата беше направена презентација на двете возила и опремата инсталирана во нив, при што министерот Спасовски потенцираше дека за првпат во нашата држава полицијата располага со возила и опрема од ваков тип, кои исклучително ќе ја променат сликата на сообраќајот на патиштата, во насока на унапредување на безбедноста на сите чинители во сообраќајот.