Мисајловски од Куманово: Да не дозволиме повторно Зоран Заев да тргува со нашиот идентитет

Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот, а се разбира било за слободна Македонија, рече Мисајловски.

220

Да не дозволиме никој од нас, а се разбира да не дозволи никој во оваа држава повторно Зоран Заев да тргува со нашиот идентитет, со нашиот јазик, со кумановци, рече на денешниот протест во Куманово потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

– Сега е време да покажеме пркост бидејќи Зоран Заев и неговата свита сакаат да не прекрстат, сакат да не омаловажат, сакаат да ни се исмејуваат, а сакаат да ни го сметат идентитетот.Овде имало многу луѓе што се бореле за Македонија, овде лежат многу коски на многу херои  на Костурница, но се  разбира и многу борци што се родиле но и поколенија  што останале во Куманово и што се гордеат со овој град. Не може некој со изјави макар бил тој премиер на држава да се потсмева. Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот, а се разбира било за слободна Македонија – рече Мисајловски.






Тој, како што рече, ги охрабрува граѓаните насекаде во државата, не само општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ  туку сите граѓани да се приклиучат на протестите.

–  Затоа уште еднаш сакам да потенцирам дека денеска сме во Куманово односно вечерва сме во Куманово но продолжуваме со големи настани и во Скопје, а се разбира  вечерва и во многу градови во Македонија. Борбата мора да биде на улицата бидејќи  Зоран Заев мора да си замине, а сите ние ако сме гласни борбата ќе ја добиеме – рече Мисајловски.

Поврзани содржини