МИГРАНТ СКОКНАЛ ВРЗ ВОЗ ВО ДВИЖЕЊЕ, ОСТАНАЛ БЕЗ НОГА Не е како во филмовите
Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди.
Во близина на Гевгелија 30- годишен мигрант од Алжир, се обидел да се качи во возот кој се движел, при што паднал и возот поминал преку неговата десна нога, информира МВР во дневниот билтен.
Несреќата се случила на местото наречено „Подвозник” вчера попладне, околу 18:30 часот.
Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија, се вели во информацијата.