МИЦКОСКИ ЗАСРАМЕН ОД ЏАФЕРИ Доколку има проблем со нервниот систем нека го лекува, има институции за тоа

Бидејќи таму се навредува мајката на вработените кои што можеби се Македонци кои што се Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци не е битно тој така ја навредува мајката. И тоа така помина. Ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

1,066

При денешната посета на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на однесувањето и пцовките на Талат Џафери и отсуството на реакции од страна на владата, истакна дека се срами што воопшто познава таков човек поради природата на својата работа и нагласи дека со своето однесување Талат Џафери ги навредил мајките на вработените во собранието кои се и Македонци и Албанци и Власи, Турци, Срби и не разбира зошто Ковачевски јавно премолчува и нема реакција.

– Па се срамам што го познавам тој човек вака да ви кажам отворено, се срамам што ете така животот ме натерал да го запознам тој човек и навистина не можам да го разберам што е тоа толку што го држи Ковачевски при уши глув при очи слеп да мора јавно да го премолчува, што е тоа што го има заробено а да го трпи овој срам и ова понижување и тој лично но и граѓаните. Бидејќи таму се навредува мајката на вработените кои што можеби се Македонци кои што се Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци не е битно тој така ја навредува мајката. И тоа така помина. Ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, ниту пак медиумите тоа вака морам да признам го ставија на едно високо ниво, ако некој човек има проблем со себе, и со својот нервен систем има посебни институции кои што се грижат за тоа, парламентот и вработените таму не се место каде што некој треба својот нервен систем да го лечи. Така што еве ќе завршам како што и почнав се срамам што воопшто познавам такви луѓе во мојот живот поради природата на мојата работа – нагласи Мицкоски.

Поврзани содржини