МИЦКОСКИ Ѝ ПОРАЧА НА ДУИ ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ОДГОВОРНОСТ Полека но сигурно денот доаѓа

Пораката од премиерот беше одговор на изјавите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека е подготвен за предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомвгри идната година.

571

Премиерот Христијан Мицкоски денеска и порача на ДУИ да се подготви за одговорност. Пораката од премиерот беше одговор на изјавите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека е подготвен за предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомвгри идната година.

– За избори ќе се подготвуваме кога ќе дојде време. Јас разбирам дека раководството на ДУИ не сака да биде во опозиција, исплашени дека конечно ја чувствуваат и тие одлучноста на Владата за борба против криминалот и корупцијата. Знаат се што имаат правено во изминатите 20 години, свесни се и знаат дека полека но сигурно доаѓа денот кога ќе треба да бидат одговорни. Затоа, како резултат на тој страв, тие непринципиелно се храбрат и мислат дека на тој начин ќе магнетизираат повеќе гласачи – изјави Мицкоски по извршениот надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д.






Оваа Влада, нагласи тој, има четиригодишен мандат, а повеќе од 600 илјади граѓани пред речиси шест месеци застана позади оваа Влада и коалиција. Наш приоритет, истакна Мицкоски, е да го испорачаме тоа што граѓаните го очекуваат од нас.

– Тоа е борбата против криминалот и корупцијата, реформите, напорна работа, проекти… Тоа е она кое ние го ветивме и тоа е она што во овие четири години планираме да го испорачаме – рече премиерот.

Тој додаде дека она што го кажал за време на пратничките прашања во Парламентот, дека е подготвен со локалните да се одржат предвремени парламентарни избори, било со цел да излезат на површина, како што рече, сите лажни лица што ги има во опозицијата.

– Меѓусебе се храбрат, а кога ќе дојде работата да се испорача таа храброст, некако кукавички се затскриваат и јавноста беше свесна за одговорот што дојде од СДСМ дека тие практично како политичка партија се научени само да импровизираат, а не да испорачаат нешто што е важно за граѓаните – истакна Мицкоски.

Поврзани содржини