МИЦКОСКИ БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Има причина зошто се случи експлозија во ХЕЦ Вруток

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објасни зошто треба да има одговорност за состојбата во енергетиката.

482

За вчерашната експлозија во ХЕЦ Вруток како и за минимумот на РЕК Битола истакна дека одговорност мора да има ако сакаме да одиме напред и да учиме на грешките, бидејќи на крајот на денот сметката ја плаќа народот изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Тоа што вчера се случи во ХЕЦ Вруток, ЕЛЕМ го правдаат дека откажал практично осигурачот од мрежата поради претпоставувам зголемен напон, или пак зголемена потрошувачка, но и тоа е ненормална појава и тоа е нестационарна појави ние велиме, штом тоа се случува треба да видиме што е причината за тоа да се случи бидејќи единствениот хидропотенцијал кој што има колку толку некаква вода внатре во себе некаде 7-8  отсто поради тоа што другите се на 1-2 отсто ниц каскадата Вруток, која што влече вода од мавровскиот базент, и ако и таа ни откаже тогаш ние навистина ќе останеме без ниту еден производен функционален капацитет – рече Мицкоски.






Тој посочи и дека ТЕЦ Неготино не работи бидејќи нема  мазут,  а со намален интензитет работи и РЕК Битола.

– Битола работи со третина блок од блоковите. хидроцентралите се испразнети, за жал полни се џебовите од фамилијата на власт од украдени тендери, а народот е тој кој што на крајот од денот ќе ја плати сметката за оваа неодговорност. Затоа е потребна одговорност, одговорност е неопходна ако сакаме да одиме напред,  затоа што само така можеме да бидеме подобри и нема да ни се повторуваат грешките, ако останеме вака и ако преминеме преку ова дека е ова само дел од нападите на опозицијата врз власта, сите ние губиме за жал а народот на крај ја плаќа сметката – рече Мицкоски.

Поврзани содржини