„МИ КРАДЕТЕ ОД ЖИВОТОТ ШТО НЕ СТЕ МИ ГО ДАЛЕ“ Емотивно обраќање на Трифун Костовски до обвинителката Коларевиќ

Костовски најави колумна под наслов „Јуда живее во Македонија“ и јавно побара Коларевиќ да си замине од функцијата.

0

Бизнисменот Трифун Костовски јавно ја нападна обвинителката Катерина Коларевиќ, која покрена обвинение против него во случајот за Еуростандард банка.

„Пет и пол години пребарувате, испитувате, анализирате и се обидувате да пронајдете криминал и перење пари – пишува Костовски на Фејсбук. – Но, не најдовте факти за сторен криминал. Не најдовте перење пари. И што направивте на крајот? Најдовте начин да ме гоните за наводна несовесност“.






Кога фактите не се доволни за обвинение, системот, очигледно, бара друг изговор, тврди Костовски и се обраќа директно до Коларевиќ:

„Затоа отворено Ве прашувам, кому му служите?

Дали постапувате исклучиво според законот и доказите или под притисок на центри на моќ кои сакаат моето име, мојот углед и мојот живот да бидат уништени?

Верував во Вас. Верував дека функцијата јавен обвинител подразбира независност, совест и храброст. Но, според она што го гледам, моќта на сивата еминенција е голема, а Вие безрезервно ѝ давате поддршка. Затоа сметам дека најчесно би било да си заминете од функцијата јавен обвинител. Само така би можеле од себе да ја тргнете дамката на сомнежот дека наместо на правдата, сте му служеле на нечии туѓи интереси.

Ми крадете од животот што не сте ми го дале…“

Бизнисменот објаснува дека ова е извадок од неговата под наслов „Јуда живее во Македонија“.

Поврзани содржини