📽️ МЕДВЕДЕВ СЕ СТЕПА СО РЕКЛАМИТЕ ВО СИНСИНАТИ Топчето го погоди во глава, а тој замавна со рекетот

Данил Медведев загуби од Брендон Накашима, но еден бизарен момент од мечот го украде вниманието – топче го погоди Русинот во глава, по што тој бесно возврати кон рекламниот панел.

131

Данил Медведев повторно беше во центарот на вниманието поради својот темперамент, но овојпат не поради расправија со судијата или противникот, туку поради необична „пресметка“ со рекламите покрај теренот.

Рускиот тенисер доживеа елиминација од турнирот во Синсинати, откако во мечот од кој беше исфрлен од турнирот загуби со 1:2 од Брендон Накашима.






Сепак, еден момент од натпреварот стана вирален на социјалните мрежи.

Во еден момент топчето отскокна и заврши во рекламниот панел покрај теренот. Оттаму се одби назад и директно го погоди Медведев во главата.

 

Русинот веднаш реагираше бурно.

Очигледно изнервиран од ситуацијата, Медведев го фрли рекетот кон рекламниот панел, па изгледаше како да започнал необична „тепачка“ со рекламите.

Така, во оваа кратка „пресметка“, рекламите прво го погодија Медведев со топче, а тенисерот возврати со рекет.

Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците се пошегуваа на сметка на реакцијата на рускиот тенисер.

Медведев и претходно во кариерата имал голем број моменти во кои неговиот темперамент доаѓал до израз. Тој е познат по бурните реакции, расправиите и конфликтите на теренот, но и по тоа што често станува главен актер во најнеобичните моменти на тениските натпревари.

Овојпат, сепак, противникот не беше Накашима, туку – рекламниот панел.

Поврзани содржини