📽️ МЕДИСОН МУ ДОНЕСЕ ПОБЕДА НА ТОТЕНХЕМ Манчестер јунајтед падна на 15. позиција во Премиерлигата
Иако имаше убави шанси за нови голови, погодокот на Медисон беше единствениот на мечот.
Со голот на Џејмс Медисон Тотенхем попладнево го победи Манчестер јунајтед. Клучниот момент се случи уште во 13. минута кога Медисон го совлада Онана за водство од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
Тотенхем скокна на 12. место, а Манчестер јунајтед падна на 15. позиција на табелата во Премиерлигата.