МЕЧКА ГО НАПАДНАЛА ДОДЕКА БЕРЕЛ ПЕЧУРКИ Жител на Курбново завршил во болница

Жител на ресенското село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки. По нападот бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

0

Четириесет и едногодишен жител на ресенското село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки во близина на селото, информираат од Секторот за внатрешни работи Битола.

Според пријавата, нападот се случил вчера вечерта, а во 19:50 часот случајот бил евидентиран во СВР Битола.






Од полицијата посочуваат дека Н.И. (41) од Курбиново, додека се движел низ шумски предел и собирал печурки, бил нападнат од мечка.

По нападот, повредениот веднаш бил пренесен во Битола, каде му била укажана лекарска помош во Клиничката болница.

Од СВР Битола не соопштуваат детали за тежината на повредите, ниту за околностите под кои дошло до нападот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини