МАЖ СО НОЖ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА ВО БИТОЛА Сопружниците не живееле заедно

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Битола.

775

Утрово во Битола, убиена е жена на возраст од 31 година, убиецот е приведен.

Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува.

„Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06.40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на место. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Битола.

 

Поврзани содржини