📽 МАЖ СО КАЛАШНИКОВ ФРЛИЛ ГРАНАТА ВО ФРАНЦУСКИ БАР Најмалку 12 луѓе се повредени, шестмина се во критична состојба

Градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиол, го осуди нападот на социјалната платформа Икс, изразувајќи солидарност со жртвите и со нивните семејства.

488

Маж со калашников фрлил рачна граната во бар во Гренобл, Франција, а најмалку 12 лица се повредени, објави Индепендент.

Шестмина од повредените се во критична состојба, соопштија властите.






Градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиол, го осуди нападот на социјалната платформа Икс, изразувајќи солидарност со жртвите и со нивните семејства.

Осомничениот, кој наводно побегнал од местото на настанот, сѐ уште не е фатен.

Судот во Гренобл покрена истрага која беше доделена на Одделот за организиран криминал. Детали за идентитетот на осомничениот или за можните мотиви сѐ уште не се објавени.

Поврзани содржини