🎥 МАЖ ГЛУМЕЛ ДЕКА СЕДНУВА НА СТОЛИЦАТА „ВАН ГОГ“ ВО ИТАЛИЈАНСКИ МУЗЕЈ, СЕ ЛИЗНАЛ И ЈА СКРШИЛ Веднаш киднал од „местото на злосторството“
Понекогаш губиме разум само за да направиме фотографија и не размислуваме за последиците... Секако дека се работи за несреќен случај, но овие луѓе си заминаа без да кажат ништо - тоа не е несреќен случај. Ова е кошмар за секој музеј, изјави директорката на музејот Палацо Мафеи во Верона, Ванеса Карлон.
Италијански музеј упати повик до посетителите да ја почитуваат уметноста откако беше објавено видео на кое се гледа како пар оштетува столица, украсена со стотици сјајни кристали, објави Би-Би-Си.
Снимката, објавена од музејот Палацо Мафеи во Верона, прикажува маж и жена како се фотографираат еден со друг, преправајќи се дека седнуваат на т.н. „столица Ван Гог“.
Потоа се гледа како мажот се лизга и паѓа врз столицата која се крши под неговата тежина.
Според музејските власти, двојката избегала од музејот пред персоналот да забележи што се случило.
Музејот веќе ја известил полицијата за инцидентот, а парот сè уште не е идентификуван.
– Понекогаш губиме разум само за да направиме фотографија и не размислуваме за последиците… Секако дека се работи за несреќен случај, но овие луѓе си заминаа без да кажат ништо – тоа не е несреќен случај. Ова е кошмар за секој музеј – изјави директорката на музејот, Ванеса Карлон.
Според информациите на Би-Би-Си, настанот се случил во април, но снимката беше објавена дури на 12 јуни.
Столицата е дело на италијанскиот уметник Никола Бола и е украсена со Сваровски кристали – направени од полиран, машински сечен стаклен материјал. Наречена е по Винсент ван Гог, како омаж на сликата со обична столица од холандскиот сликар.
Делото на Бола е практично без цена бидејќи музејот одби да даде проценка за неговата вредност кога беше запрашан од Би-Би-Си.
Историчарката на уметност и вработена во Палацо Мафеи, Карлота Менегацо, изјави дека иако столицата изгледа стабилно, нејзината конструкција е претежно шуплива и направена со фолија.
– На столицата имаше ознака дека не смее да се допира, а и самата беше поставена на постамент, па јасно е дека не станува збор за вистинска столица за седење – вели Менегацо.
Скршени биле 2 нозе и седиштето, но Менегацо истакна дека „е направена одлична работа“ за нејзина реставрација и дека сега повторно е изложена.
Палацо Мафеи беше отворен во 2020 година и изложува 650 уметнички дела, вклучително и слики од Пикасо и античка египетска уметност.
Карлон изјави дека повеќето посетители се однесуваат со почит и се надева дека објавувањето на оваа снимка нема да прерасне во негативен настан.
Наместо тоа, сака да го нагласи следново: „Секој треба да влегува во простори каде што има уметност – музеи, цркви, каде било – со поголема почит“.
– Уметноста мора да се почитува и сака, бидејќи е многу кревка – додаде таа.
@bbcnews Museum officials said the couple fled the museum before staff noticed what happened. #VanGogh #PalazzoMaffei #Museum #Art #Artist #Verona #Italy #CCTV #Chair #News #BBCNews ♬ original sound – BBC News