МАНАСИЕВСКИ ОБВИНИ ДЕКА ЛЕВИЦА ЗА ПАРИ ГО БЛОКИРА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Ги нарече Манасиевски „левичари од Тему кои сакаат да се покажат тврдокорни“

Манасиевски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на политичката партија Левица за новиот Изборен законик, па затоа е чудно што сепак го блокираат законот.

3

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска обвини дека Левица го блокира усвојувањето на новиот Изборен законик, иако, според него, претходно бил постигнат консензус за барањата што ги поставила оваа партија.

– Левичарите од Тему на чело со Димитар Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни. Иако со консензус од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, левичарите од Тему денес тој договор го поништуваат. Пред граѓаните велат дека проблемот е во тоа што изборниот модел треба да биде со една изборна единица, нешто што и ние го поддржуваме, а зад завесата впрочем ги интересираат само пари –  рече Манасиевски.






Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на политичката партија Левица за новиот Изборен законик.

– Тие наместо еднаш да се покажат дека можат да стојат на договорот, односно на договореното, одбија да го потпишат консензуалниот договор за новиот Изборен законик, а по тоа и го блокираат заедно со СДСМ – рече Манасиевски.

Според него, ваквите плитки ПР политики кои ги тераат Левица и Димитар Апасиев се прочитани од граѓаните, а тоа може директно и да се види и по анкетите.

-Поддршката за лажните левичари од Тему граѓаните не ја даваат – рече Манасиевски.

Поврзани содржини