🎥 ДРАМА ВО ЊУЈОРК ЗА ВРЕМЕ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА Огнометот го запали Бруклинскиот мост
Американските медиуми пренесуваат дека според достапните информации од локалните служби во пожарот никој не е повреден.
Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк за време на градскиот огномет по повод Денот на независноста. Пламен и облак од чад се издигнаа над мостот пред пожарникарите да го изгаснат пожарот.
Американските медиуми пренесуваат дека според достапните информации од локалните служби во пожарот никој не е повреден.
Две противпожарни возила учествуваа во гаснењето на пожарот, објави градската противпожарна служба. Пожарникари околу 22 часот беа видени како го гаснат пламенот на мостот, што беше затворен за сообраќај за време на настанот.
Fire breaks out on Brooklyn Bridge following fireworks display https://t.co/sXqV7DqZkM pic.twitter.com/wv7klvc9Z7
— New York Post (@nypost) July 5, 2026
Портпаролот на противпожарната служба изјави дека ваквите пожари не се неочекувани и токму затоа публиката се држи на безбедно растојание за време на огнометот.
Самиот настан во Њујорк започна рано поради заканата од лошо време, кое ги откажа и одложи другите прослави долж Источниот брег. Тоа го вклучува и Вашингтон, каде што бурата ги принуди властите да ги евакуираат посетителите од Националниот мол.