МАЛОЛЕТНИЧКА ПРЕГАЗЕНА ВО СКОПЈЕ Девојчето со тешки повреди завршило во болница

Повреденото девојче со возило на брза помош било пренесено во Градска болница.

1,194

Малолетно девојче завршило во болница со тешки повреди откако било прегазено од возач со мерцедес.

„На 06.06.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. Народен Фронт со ул. Шарски Одреди, патничко возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(49) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Градската општа болница ‚Св.Наум Охридски’“, соопштија денеска од полицијата во дневниот билтен.






Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини