„Малчанскиот берберин“ осуден на доживотна казна затвор

Јовановиќ го доби прекарот Малчански берберин според неговата потреба да им ги шиша главите на жртвите пред да ги силува. За истото дело поминал повеќе од 20 години од својот живот во затвор.

492

Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчански берберин, осуден е денес во Високиот суд во Ниш на првостепена казна доживотен затвор заради злоставување на малолетно девојче од Брзи Брод.

Постапката беше затворена за јавноста поради заштита на интересите на малолетничката.






Јовановиќ го доби прекарот Малчански берберин според неговата потреба да им ги шиша главите на жртвите пред да ги силува. За истото дело поминал повеќе од 20 години од својот живот во затвор.

Во образложението на пресудата се вели дека тој бил свесен што прави и дека и нанел тешки телесни повреди на девојчето.

Јовановиќ беше обвинет во декември 2019 година за киднапирање и десетодневно злоставување на девојче.

Пресудата беше изречена точно на годишнината од денот кога Јовановиќ беше уапсен на гробиштата во селото Малча, по потера во која учествуваа околу 800 полицајци, жандарми и граѓани.

Дванаесетгодишното девојче тој ја киднапираше на 20 декември 2019 година во Брзи Брод, крај Ниш, на пат кон училиштето, а девојчето е пронајдено на 29 декември во селото Пасјача.

Поврзани содржини