МАКЕДОНИЈА И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ЌЕ РАЗМЕНУВААТ ЗНАЕЊА И ЕСКСПЕРТИЗА Средба на Минчев со босанскиот министер за правда Буноза

Во фокусот на разговорите беа реформата на јавната администрација, унапредувањето на институционалните и административните капацитети, како и размената на искуства и добри практики, во насока на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на јавните услуги.

40

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев и министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза ги разгледаа можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна и структурирана партнерска интеракција меѓу двете земји. Тие одржаа средба на маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес.

Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции.

Во фокусот на разговорите беа реформата на јавната администрација, унапредувањето на институционалните и административните капацитети, како и размената на искуства и добри практики, во насока на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на јавните услуги.

Соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно јакнење на соработката и континуирана размена на знаења и експертиза, со цел поддршка на реформските процеси и усогласување со европските стандарди.

Во рамки на конференцијата, министерот Минчев ќе се обрати на утрешниот министерски состанок, при што ќе има и свое излагање посветено на актуелните предизвици и приоритети во областа на реформата на јавната администрација, како и на унапредувањето на регионалната соработка во контекст на европската интеграција.

Поврзани содржини