ДОАЃААТ ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ, СИЛЕН ВЕТЕР И ЗАЛАДУВАЊЕ, СО УТРИНСКИ МРАЗ Мирната пролет оди на пауза

Утре ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, најави УХМР.

233

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до 3 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде температурата преку денот ќе се искачи до 21 степен.

 

Фото: УХМР

 

Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 15 степени.

За следните денови УХМР издаде предупредување за посвежо и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со локално невреме.

„Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, особено во западните и во јужните делови, каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар. Утринската температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и во петок на некои места ќе се спушти и под 0 степени. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен“, се вели во предупредувањето на УХМР.

Во Скопје до среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Ќе дува ветер од северен правец.

 

Фото: УХМР
Поврзани содржини