Листа на дијагнози на хронични болни ослободени од работа поради Ковид-19
Лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби
Министерството за здравство достави Листа на дијагнози на хронични состојби, добиени во консултација со директорите на Клиниките за ендокринологија, пулмологија, кардиологија и нефрологија, за лицата кои се ослободуваат од работа поради коронавирусот.
Во врска со утврдените категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:
- Хронични респираторни заболувања:
- ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
- Астма – J45
- Интестицијална фиброза – Ј84
- Тешки кардиоваскуларни заболувања:
- Срцева слабост со EF<40
- Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
- Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
- Тешка аортна и митрална стеноза
- Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
- Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
- Длабока венска тромбоза до 3 месеци
- Дијабетес мелитус:
- Диајабетес тип I
- Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ
- Сите малигни заболувања – C00-C97
5. Имунокомпромитирачки состојби:
- Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
- Хроничен нефротичен синдром – N04.9
- Интермитентна хемодијализа – Z99.2
- Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
- Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34