Лично до премиерот Христијан Мицковски – АХВ ја раководи директор или „воајер-пазач“???????

Замисли да јас како Виктор Грозданов сум назначен од твоја страна во некоја агенција и да ти набљудувам, демнеам член на фамилијата, без разлика дали е сопруга, дете или родител. Што ќе ми кажеш?

342

Наместо лепотаниве од СДСМ да се занимаваат со тоа: Дали директорот на АХВ спротивно на законот ги демне вработените преку видео надзор?, овие се занимаваат со тематика која не ја знаат ниту образовно ниту суштински.

Само на кратко.

Ќе се отвора рудник во село Луке за антимон и тоа ќе било еколошка бомба, а не и стратешко однесување кон нашите најголеми пријатели САД и немаат поима што значи металургија како наука и во исто време го обвинуваат градоначалникот на Крива Паланка дека е во договор со Премиерот и немал капацитет да контролира 10 крави, а не пак рудник.

Многу ми е жал што Венко илипче(Докторот) неможе да се осознае дека е заложник на фамилија Фрчковски и уште на неколку злобни „вештери и вештерки“ кои му копаат политички гроб.

Да признавам дека градоначалникот на Крива Паланка нема капацитет за следниве работи:

  • Да должи пари на сите пратеници и стари другарки
  • Да се ушмркуе со кокаин на работно место
  • Да плаче по градски ликови од Скопје за Виктор Грозданов не го објави на каков начин добил донација од Општина Центар, а не некое сиромашно семејство
  • Да секој ден се буди како да направи некоја партиска подметачина и да го лаже Докторот со небитни информаци

Итн (има уште многу, ама не е баш темаза колумнава)

Напомена: Докторот е сериозно многу добра и човечна личност, ама политички е наивен.

Туку да се вратам на клучната тема.

Почитуван г-дин Мицковски( во продолжение Христијан) ти се обраќам лично зошто и ти знаеш да бидеш и те како нормален и пред се човечен. Христија директорот на АХВ воспоставил видео надзор во ходниците на агенцијата и во живо ги следи вработените преку воспоставен мониторинг од неговата канцеларија. Плус тоа може да го видат и оние кои одат на официјални службени или пак некогаш и приватни  средби во самата агенција.

И јас сум бил директор и да во ходниците на фирмите во кои сум ги раководел имало камери, телевизии(семејството на Канал 5) и фирма за телекомуникации под договори за државна тајна и строго доверливо и никогаш мониторингот не бил кај мене туку кај обезбедувањето зошто имаат таков сертификат, а камерите биле од сеиозен заштитничко безбедносен карактер на фирмите. Со две раце потпишувам дека ниту газдите на овие фирми, ниту моите претходници и наследници не ги демнеат вработените.

И јас имам дилема Христијан, Дали овој човек има манијакално-воајерски склоности и дали се затвора во својата канцеларија и се самозадоволува, со набљудување на вработените без разлика на различен пол, националност, вера или религија?

Моето мислење е дека мора веднаш да издадеш наредба до Универзитетската психијатриска болница-Скопје и да дадат стручно мислење за ваквото однесување.

Веднаш да дадеш наредба до правосудните органи за постапување по однос на злоупотреба на лични податоци ако ги снима вработените во посебни бази за податоци.

Одлуката за негово разрешување ќе ти ја објаснам на специфичен начин.

И сега Христијан сакам прво да ти пренесам мое искуство и да те прашам. Во повеќе наврати мене лично ми било чудно дека ја ословуваш својата сопруга во јавноста како Рози. Сам на себе си велам се е тоа убаво, ама би требало да и го употребува барем правото име. Си мислам жената најверојатно се вика Розе, Розета, Розалинда, Ружа итн. А јас се водам по девизата за жени не се коментира, за вкусови не се разговара и си коментирам сам со себе со ниеден друг. Се до моментот кога не ја видов г-ѓата Мицковска на слика со првата дама на САД, Меланија Трамп. И си викам на себе па добро бе Викторе магаре едно глупо, тупо и неинтелегентно убаво вика нашиот новинарски гуру Љубомир Гајдов кога ќе напраам некоја глупост: Има ушите да ти ги истегнам.

И сега Христијан имам прашање, ти сам знаеше дека ако иаме политички недоразбирања тоа незначи дека не си ги почитуваме фамилијарните вредности кои се во двонасочна улица. И јас Вас како фамили и Вие исто така.

Сега гарант некој од тие твоите додворувачи-оговарачи кои имаат намера да ти забијат нож во грб ќе добие инфаркт или стомачен вирус до даљнега. Но тие се небитни.

Замисли да јас како Виктор Грозданов сум назначен од твоја страна во некоја агенција и да ти набљудувам, демнеам член на фамилијата, без разлика дали е сопруга, дете или родител. Што ќе ми кажеш?

Јас ќе ти одговорам. Има хеликоптерине од Италија да ги донесеше за 24 часа, да ги наоружаш до заби и само да ме прашаш Виктор друже каде си?

Христијан зборував со многумина. Верувај ми дека сите го имаат истотот мислење за оваа личност: Дека е абдал над абдалите. Итно разрешувај го.

Грев ми е за фамилија Ѕинго, Љупчо Димовски и родениот му татко Стојан Миланов.

Од стариот Ѕинго инаку побратим на Лазар Мојсов научив дека ако нема индустрија нема кој да ја рани Македонија и кој ќе дава пари во медиумите. За другите двајца сум слушал незнам дали е точно дека биле видно малтретирани од безбедносни служби и дека не попуштиле при гласањето кога го изгубивме уставното оригинално име.

И овој човек плука врз нивните кариери. А најмногу врз твојата. Бери памет Христијан. Овој не заслужува име да му споменам, како што приметуваш.

Да живее Македонија

Поврзани содржини