ЛЕВИЦА И АПАСИЕВ СЕ ДЕМАСКИРАНИ ЗА „ПОДРУМОТ“ Во дуќанот отворил кафуле член на раководството на партијата

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Левица дека ги манипулира граѓаните со изјавите дека партијата не купила деловен објект во центарот на Скопје, туку подрум, како и дека неодамна во објектот отворил кафе-бар член на раководството на Левица.

243

 

Се размотува клопчето околу деловниот простор од над 400 квадратни метри на Левица во центарот на Скопје, вистината целосно излегува на виделина, рече денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.






– Тезите дека Левица купила подрум воопшто не се точни и претставува манипулирање на членството на таа партија, но и граѓаните воопшто. На фотографиите кои ги видовме од деловниот објект, јасно се гледа дека не е само подрум во прашање, туку и високо приземје Интересно е што во овој објект на Левица пред нецели два месеца е отворена фирма и кафе бар, а сопственик на кафе-барот е член на Централниот комитет на Левица, Зоран Ивановски. Тој  истовремено е и член на УО на ЈП „Водовод и канализација“ –  рече Манасиевски.

Тој покажа извадок од тековна состојба од Централниот регистар, од кој се гледа дека адресата на фирмата на Ивановски е во дуќанот на Левица.

– Ивановски може да се види често и во друштво на Димитар Апасиев. Толку од скромноста и левичарството на Апасиев и Левица, од левичари до могули со кафе-барови преку ноќ. И Апасиев и Левица се демаскирани – истакна Манасиевски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

v

Поврзани содржини