ЛЕПТОСПИРОЗАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА ВО САРАЕВО? За само едно деноноќие е удвоен бројот на заболени

Институтот за јавно здравје на Кантонот Сараево предупреди дека ситуацијата е сериозна. Од потврдените 64 случаи, дури 51 се од Нови Град. Тројца пациенти се задржани на лекување на Клиниката за инфективни болести при КЦУС.

1,419

Бројот на заразени со лептоспироза во Сараево речиси се удвои во само едно деноноќие. Потврдени се 24 нови случаи, со што вкупната бројка достигна 64. Епидемиска состојба веќе ебеше прогласена во мај, а заразата брзо се шири, особено во општината Нови Град.

Институтот за јавно здравје на Кантонот Сараево предупреди дека ситуацијата е сериозна. Од потврдените случаи, дури 51 се од Нови Град. Тројца пациенти се задржани на лекување на Клиниката за инфективни болести при КЦУС.






Најголем дел од заболените се лица на возраст од 30 до 65 години, вкупно 50. Осуммина се млади меѓу 20 и 29 години, петмина се постари од 66, а едно дете е заразено пред да наполни 19 години.

Причината за ширењето е јасна, од 2021 година не е спроведена ниту една системска дератизација во Сараево. Глувците и стаорците, оставени без контрола, се размножувале неконтролирано и ја прошириле бактеријата лептоспира преку своите секрети.

Лептоспирозата кај луѓето најчесто се манифестира со висока температура, болки во мускулите и генерална слабост. Но, во потешки форми може да предизвика внатрешни крварења, откажување на органи и смрт.

Причината за неактивноста на властите е бирократски лавиринт: јавните набавки за дератизација во БиХ редовно се поништуваат во жалбените постапки, дури и кога се избрани најдобрите понуди.

Поврзани содржини