ЛАЖНО ЗЛАТО „ОЛЕСНИ“ СКОПЈАНЕЦ ЗА 800 ЕВРА Наседнал на приказна за гориво

Скопјанец пријавил дека бил измамен за 800 евра откако купил наводно златен накит од непознат маж кој барал пари за гориво. Полицијата трага по сторителот.

79

Триесет и двегодишен скопјанец останал без 800 евра откако бил измамен од непознато лице кое му продало лажен златен накит.

Според пријавата во полиција, измамата се случила на 18 февруари околу 15:30 часот. Додека управувал автомобил, оштетениот застанал на знак од непознат маж кој му побарал пари за гориво за да стигне до одредена дестинација.






Двајцата се договориле непознатиот да му продаде личен златен накит, по што скопјанецот му исплатил 800 евра. Сепак, кога подоцна отишол во златарница, дознал дека накитот воопшто не е златен.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини