ЛАЖЕЛ ДЕКА Е ВРАБОТЕН ВО АНБ, ИМАЛ 2,41 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА Кривопаланчанец со „хјундаи“ се забил во бензинска на булеварот Србија
По преземени мерки било констатирано дека Б.Р.(31) возилото го управувал без возачка дозвола, дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и дека лажно се претставил како вработен во АНБ, информираше полицијата.
Жител на Крива Паланка пијан се забил со своето „хјундаи“ во бензинска станица на булеварот Србија во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи. Тој лажно се претставил како вработен на АНБ, додека при алкотестот му биле измерени 2,41 промили алкохол во крвта.
„На 16.04.2025 во 02.30 часот на бул.„Србија” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило” по член 297 А од Кривичниот законик“, се вели во полицискиот билтен и се додава дека против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.