КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕБРЦА Ногачески се товари за несовесно работење

Потпишал одобренија за изградба на фотонапонски панели на правно лице од Скопје, иако знаел дека правното лице не ја поседувало целокупната потребна документација.

0

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од селото Волино, општина Дебрца и И.М.(43) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во текот на 2024 година, првопријавениот во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор, како и со несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, потпишал одобренија за изградба на фотонапонски панели на правно лице од Скопје.






Тоа го направил иако знаел дека правното лице не ја поседувало целокупната потребна документација издадена од надлежен орган.

Одобренијата биле изготвени од второпријавеното лице кое било раководител на Одделение за урбанизам и јавни дејности во општина Дебрца.

Станува збор за Зоран Ногачески, поранешен градоначалник на Општина Дебрца, кој функцијата ја извршуваше од 2017 до 2025 година. Ногачески првиот мандат го освои како кандидат на СДСМ, а вториот и последен како независен кандидат.

Поврзани содржини